Никол Кидман за Си-би-ес Њуз призна дека сакала да се откаже од својата актерска кариера во 2008 година, откако ја роди својата прва ќерка Сандеј, која ја доби со музичарот Кит Урбан. Таа вели дека тогаш сакала да се посвети на семејството.
„Тогаш реков дека завршив со глумата, но мајка ми рече: Не би се откажала целосно. Чувај ги твоите опции отворени. Само слушај ме. Продолжи. Не велам дека треба да го правиш тоа на нивото што го правеше, но јас не би се откажала целосно“, изјави 57-годишната актерка, која на крајот го следеше советот на нејзината мајка. Три години подоцна, таа ја доби својата трета номинација за Оскар.
„Тоа дојде од жена од генерација која ги немаше можностите што ги имав јас“, додаде Кидман.