Skip to main content
Македонија

Во претресите кај членови на групата „Беланоца“ досега пронајдени над 500.000 евра

16/12/2024  15:33

По синоќешните и утринските претреси на повеќе локации на членови на криминалната група „Беланоца“ пронајдени се над 30 милииони денари или над 500.000 евра, соопшти денеска министерот за внатрешни работи.

„До овој момент, сега за сега од извршените претреси, пронајдено и одземено е огнено оружје, панцири и до сега, пронајдени се некаде отприлика 30тина милиони денари во различни валути и апоени. Одземени се пет моторни возила, накит, поголема количина на злато, мобилни телефони, рачни часовници. Ова е до сега, претреси се уште има и ќе има во наредните денови“ рече Тошковски додаде дека е поднесена кривична пријава против 18 лица за повеќе кривични дела.

Тошковски на прес-конференција изнесе детали за тоа како групата планирала убоства, вршела изнуда, но и опожарувала автомобили на сопственици на фирми и на припадници на затворската полиција.