МНР и стои на располагање на историската комисија за сите потреби во процесот на преговори со комисијата од Бугарија. На денешната средба со новиот состав на комисијата, Муцунски ветил дека МНР нема да врши никакви притисоци во работата на комисијата.
Одлуките и дискусиите во рамки на комисијата треба да бидат водени врз основа на научни аргументи и со целосно почитување на академската слобода- рекол Муцунски пренесе МНР.
Средбата на Муцунски доаѓа откако напочетокот наминатиот месец Владата речиси целосно го смени составот на Комисијата. Нов претседател стана Ванчо Ѓорѓиев кој претходно ја напушти комисијата жалејќи се на политички притисоци. Покрај него во Комисијата има 4 нови имиња и уште еден член од претходниот состав. Нивниот мандат доаѓа во време на прилично затегнати односи на релација Скопје- Софија и во пресрет на парламентарните избори закажани за викендов, 7ми по ред за последните три години.