Skip to main content
Економија

И Светска банка предлага да се оди подоцна во пензија

13/12/2024  20:37

Откако пред една недела Фискалноот совет предложи зголемување на старосната граница за пензионирање, денес слична иницијатива дојде и од Светска банка.

Зголемување на придонесот за пензии и постепено зголемување на старосната граница за пензионирање, предлагаат од Светска банка. 

Како дел од мерките за зголемување на даночните приходи и обезбедување фискална стабилност, оваа препорака беше изнесена во извештајот „Преглед на јавните финансии на Северна Македонија“, кој се фокусира на потребата од консолидација на јавните финансии.

Светска банка во извештајот предлага и зголемување на акцизите за алкохол и цигари, како и воведување на данок на шеќер и засладени пијалаци, што е во согласност со глобалните здравствени препораки.