„Спајдермен“ постави рекорд на денот на отворање во кината

„Човек-пајак: Далеку од дома“ (Spider-man: No Way Home) заработи 50 милиони долари на американскиот и канадскиот боксофис во четвртокот, пред очекуваниот голем викенд за киносалите.

Продажбата на денот на отворањето постави рекорд во ерата на Ковид-19. Аналитичарите на киноблагајните предвидуваат дека вкупните домашни приходи за „Далеку од дома“ во текот на викендот ќе достигнат дури 240 милиони долари, што ќе го вклучи во петте најдобри филмски дебија на сите времиња.

Во високобуџетниот филм, копродукција на „Сони“ и „Волт Дизни“, глумат Том Холанд како суперхерој Питер Паркер и Зендаја како негова девојка, Емџеј. Филмот се прикажува исклучиво во киносали.

Раниот успех на филмот беше добредојдена вест за синџирите на кина, вклучително и „AMЦ ентертејнмент холдингс“, „Синемарк“ и „Синеворлд регал“. Од „Синемарк“ наведоа дека „Далеку од дома“ ја испорача најголемата продажба на вечерта на отворањето на сите времиња.

Филмот привлече многу кинопосетители среде пандемија, дури и со ширењето на новата варијанта на коронавирусот, Омикрон.

Треба да знаете
Последни објави