Skip to main content
Хроника

Приведен бегалец од затвор – осуден бил на казна од 8 години за убиство

22/10/2024  14:52

Полициски службеници од СВР Тетово денеска во 08.50 часот во Тетово, го привеле А.Б.(41) од Тетово.

Тој бил осуден на осум години казна затвор за сторено кривично дело „убиство“ по член 123 од Кривичниот законик, а бил баран по потерница врз основа на судска наредба заради бегство од Казнено – поправната установа Затвор Идризово Скопје, каде што имал за доиздржување една година и шест месеци од казната.

Лицето било спроведено во Казнено- поправната установа Затвор Идризово Скопје за доиздржување на казната.