По повод претстојниот државен празник „Ден на Македонската Револуционерна Борба“ од Паркинзи на општина Центар известуваат дека на 23.10.2024 година (среда) паркиралиштата со кои стопанисува претпријатието ќе бидат без наплата за сите граѓани, освен паркиралиштето Дилајла со автоматска наплата.
Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата ќе продолжи на 24.10.2024 година (четврток) со вообичаено работно време.