Skip to main content
Хроника

Автомеханичар од Охрид наместо поправка ги вадел здравите делови од автомобилите и ги продавал

22/10/2024  14:16

Охридската полиција поднесе кривична пријава против Ш.К.(39) од Охрид поради измама.

Тој, во повеќе наврати, во својот автосервис во Охрид, примал автомобили од граѓани од Охрид, на кои им барал и добивал одредена сума пари, ветувајќи им дека ќе ги отстрани дефектите и ќе изврши комплетен ремонт на нивните возила.

„Пријавениот, не ги иззвршувал поправките во договорениот период, а дополнително ги вадел исправните делови од автомобилите и ги продавал на трети лица, со што се стекнал со значителна противправна имотна корист“, објави охридската полиција.