Skip to main content
Хроника

Расчистено убиството кај Смилковско езеро во Скопје, уапсен 38-годишен скопјанец

27/11/2026  13:28

На 26.11.2026 по преземени оперативно тактички мерки, од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал-Одделение за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје, лишен од слобода е Б.Ј.(38) од Скопје поради сторено кривично дело „убиство“. Имено, лицето е лишено од слобода, во врска со кривично правниот настан од 21.11.2026, кога по претходна пријава во СВР Скопје, на обиколница „Мајка Тереза“ во близина на с. Смилковци, скопско пронајдено беше лице без знаци на живот, а полициски службеници од СВР Скопје утврдија дека лицето е Ш.Е.(38) од с. Љубин, скопско, при што беше забележана прострелна повреда во пределот на ногата. Во близина на телото беше пронајдено и патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое претходно го управувал.

Со Б.Ј. извршен е службен разговор, при што лицето го појасни начинот на извршување на кривичното дело.