
Седум фемициди. Осум закони предвидени за измени. Ниту еден досега не е изменет.
Продолжуваме со нашиот „Ѕид на срамот”, упатувајќи јавни прашања до Панче Тошковски, министер за внатрешни работи.
По убиствата на Ивана и Катја, во март годинава беше формирана работна група за измени на осум закони со цел подобрување на системот за спречување и заштита од насилство врз жените.
Осум месеци подоцна, измените на само еден закон се поднесени во Собранието, а ниту тие не се усвоени.
Министре Тошковски, каде се резултатите од работата за која сте задолжени? Што презедовте за усвојување на законските измени во чија подготовка и самите учествувавте?
Како ќе обезбедите ефикасна заштита на жените и девојките доколку не се препознаваат и именуваат сите форми на родово базирано насилство?
Формирањето работни групи не е резултат само по себе.
Бараме да се заложите за усвојување на предложените законски измени до 10 декември и јавно да објавите конкретни рокови за подготовка и доставување на измените на останатите седум закони до Собранието.
Бараме рокови и одговорност, а не нови ветувања!
Мрежата за заштита од дискриминација

