Skip to main content
Македонија

Николоски: Ќе се реконструира и регионалниот пат Струмица -Валандово

20/11/2026  13:09

Со комбинирана владина поддршка во инфраструкутрата, земјоделството и туризмот, правиме развој на општина Валандово. Предвидовме финансиска поддршка од околу 100 милиони денари, од кои 65 милиони денари се директно од буџетот на Министерството за транспорт и околу 35 милиони денари преку двата повици за инфраструктурни проекти, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, при днешената посета на општината Валандово.   

Тој најави и реконструкција  на регионалниот пат од Валандово до Струмица преку Валандовско брдо.