Skip to main content
Хроника

28годишен скопјанец го запалил автомобилот на мајка му

20/11/2026  10:31

На 19.11.2026 во 06:30 часот на ул.„Христијан Тодоровски Карпош“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода  А.Ф.(28) од Скопје.

Тој се сомничи дека околу 05:50 часот на подрачјето на Чаир опожарил возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на неговата мајка, а се заканувал дека ќе го запали и станот во кој живеат. 

Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.