Skip to main content
Македонија

„Ниту една повеќе“: Денеска блокада пред Владата против насилството врз жените

20/11/2026  08:30

Блокада пред Владата е најавена за денеска, 20 ноември, во 13 часот, на повик на неформалното феминистичко движење „Ниту една повеќе“. Со акцијата се бараат одговорност од институциите, правда за жртвите и заштита од фемицид и насилство врз жените.

„Доста беше од ветувања, молчење, молење и чекање. Бараме одговорност, бараме правда, бараме права! Се гледаме на улица!“, порачуваат од движењето.

Повикот следува по последните случаи на насилство врз жени, меѓу кои и нападот врз 26-годишната охриѓанка. На нејзиниот 31-годишен партнер му е одреден 30-дневен притвор, а против него е поднесено обвинение за три кривични дела.

Организаторите ги повикуваат граѓаните да се приклучат и да побараат конкретно постапување од надлежните, наместо одговорот на насилството да остане на ветувања.

Од „Ниту една повеќе“ најавуваат и протест во среда, 25 ноември, со почеток во 17 часот во паркот „Жена борец“ во центарот на Скопје. И тој собир ќе биде насочен против фемицидите, насилството врз жените и институционалната неодговорност.