
Врнежи од дожд во утринските часови, а потоа постепено разведрување се очекуваат денеска, петок, 20 ноември. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, дождот ќе престане во текот на денот, а максималните температури ќе достигнат до 22 степени.
Претпладне ќе дува умерен до засилен западен ветер. Во западните делови од Македонија наместа ветерот повремено ќе биде силен, со брзина над 80 километри на час.
Утринските температури ќе се движат од 7 до 14 степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 11 до 22 степени, зависно од подрачјето.
Во Скопје наутро ќе има услови за дожд, по што ќе преовладува претежно сончево време. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.


