
Кина, Русија и САД ќе продолжат да се координираат, едни со други на работно ниво, по денешната историска средба меѓу кинескиот претседател Шји Џјинпинг и неговите колеги Доналд Трамп и Владимир Путин, изјави кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји.
Тој ги оквалификува разговорите како „самит за мир“.
Тројцата лидери „лично си ги објаснија своите стратешки намери“ и се согласија да спречат конфликти и конфронтации, изјави Ванг Ји на прес-конференција по повод завршувањето на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК) во кинескиот град Шенџен.
Трилатералната средба, прва од таков вид во историјата, создаде „нов модел“ на интеракција меѓу тројцата лидери и се одржа „во согласност со трендовите на нашето време и очекувањата на светот“, рече Ванг Ји.


