Skip to main content
Балкан, Македонија

Привремен сообраќаен режим од петок до понеделник на автопатот Солун – Евзони

19/11/2026  16:58

Поради изведување градежни работи, дел од автопатот од Солун кон граничниот премин Евзони/ Богородица кон нашата земја, од утре наутро до понеделник напладне целосно ќе биде затворен и во двата правци, а сообраќајот ќе се одвива по стариот автопат, јави дописничката на МИА од Атина.

– Сообраќајот на возилата ќе се пренасочува и ќе се одвива по стариот автопат Солун – Евзони, информираа од надлежната полициска управа.

Согласно соодветната одлука на полицијата, привремениот сообраќаен режим е поради уривање на надвозник во рамките на градежните работи на надвозниците на вертикалната оска на автопатот Егнатиа Одос.

Во правец од Евзони, кај Поликастро кон Солун возилата ќе се движат по стариот пат Солун – Евзони, а потоа преку патот Солун – Едеса, додека пак во спротивната насока од Солун кон Евзон возилата ќе се пренасочуваат преку патот Солун – Едеса и стариот автопат Солун – Евзони, преку селата Гефира, Прохома и Кастанас, од каде што ќе продолжуваат кон Поликастро.