Skip to main content
Свет

Руски бомбардери повторно во близина на Тајван, по втор пат за три дена

19/11/2026  09:48

Министерството за одбрана на Тајван соопшти дека два руски воени авиони Ту-95 летале источно од островот откако му се приближиле од југ, што е втора таква руска активност пријавена за една недела, објави Ројтерс .

Летовите се реализираа додека рускиот претседател Владимир Путин е во кинескиот град Шенжен за самитот на АПЕК, каде што е предвидено да одржи трилатерален состанок со кинескиот претседател Си Џинпинг и американскиот претседател Доналд Трамп.

Министерството соопшти дека двата авиони Ту-95, означени од НАТО како „Мечка“, влегле во Зоната за идентификација на воздушната одбрана (ADIZ) на Тајван. Потоа го продолжиле летот кон североисток и го напуштиле воздушниот простор во близина на пристанишниот град Килунг.

Тајван пријави слична активност во вторник , кога два руски воени авиони прелетаа на југ по должината на неговиот источен брег. Истата активност беше потврдена истиот ден од Јапонија, која објави мапа со траекторијата на летот. Руското Министерство за одбрана сè уште не коментираше за овој случај.