Skip to main content
Хроника

Пронајдени пет мигранти од Непал во возило во Куманово, приведен 29-годишен скопјанец

18/11/2026  13:42

На 17.11.2026 во 22:30 часот во Куманово, кај местото викано „Нато клучка“, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при РЦ за ГР Север го лишија од слобода А.И.(29) од Скопје. при контрола во патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени пет лица мигранти од Непал.