Skip to main content
Македонија

Кузеска: Една недела нема одговор од Савески за Алта банка и кривичната

18/11/2026  12:42

Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка и членка на Извршниот одбор

Помина цела недела откако СДСМ поднесе кривична пријава за Алта банка против гувернерот Трајко Славески и други одговорни лица.

Обвинителот Ненад Савески се уште молчи.

Нема никаква информација што е преземено, дали е постапено по кривичната пријава.

Дали се обезбедени документите кои ги потпишал Славески и дал согласност за влез на Алта банка по налог на Мицкоски?

Дали ги побарал трансакциите?

Дали се повикани Славески и Мицкоски да дадат исказ за нивната улога?

Народот не може да дојде до своите пари, загрозен е банкарскиот систем затоа што Мицкоски и Славески ја внесоа криминалната Алта банка во Македонија.

Последните информации од Србија се дека е одземена и дозволата за работа на Алта лизинг, заради стабилност на финансискиот систем.

Во Србија има истрага, приведен е сопственикот, банката е во стечај, се истражувата 400 милиони евра.

А во Македонија Обвинителството не презема ништо.

Дали им се купува време на Мицкоски и Славески да се спасат и да го заташкаат сскандалот?

Улогата на Мицкоски и Славески е клучна, затоа што тие ја донеса пералницата на пари на Вучиќ – во Македонија.

Славески јавно кажа дека се консултирал со Мицкоски, иако Народна банка треба да е независна.

Мицкоски лажеше на надзорната расправа во Собранието во обид да префрли вината врз СДСМ. Му наредни на Трајко Славески да понесе и кривични пријави против СДСМ.

Тие што го создадоа овој проблем, со тоа ја донесоа Алта банка. Парите на јавните претпријатија и на граѓаните завршија таму исто така со одлука на владата на Мицкоски. 

Сега тие што се виновни за Алта банка преговараат за нејзина продажба на берза.

Ако нема купувач, цената ќе паѓа. Тоа значи дека  Мицкоски и Славески планираат да ја обезвреднет само за да ги прикријат сметките и трансакциите.

Моделот е прво никој да не се јави и на крај да се продаде за џабе.

На крајот ќе ја обвинат СДСМ дека е виновна за ниската цена. Тоа е нивниот стандарден модел.

Савески треба да знае дека времето одминува.

Обвинителството мора да работи според законот и да постапува.

Одговорност за Алта банка ќе има. Бандата ќе одговара.