Skip to main content
Македонија

Во Скопје отворен првиот клуб за лица со афазија „Надеж“

18/11/2026  09:10

Здружението за помош и поддршка на лицата со афазија ХОУП  во партнерство со ЈЗУ Центарот за рехабилитација на патологија на вербална комуникација – Скопје, ја преточија идејата во реалност и го отворија Првиoт Клуб во Македонија на лица со афазија „Надеж”.

Клубот ќе биде место каде што луѓето кои се соочуваат со тешкотии во говорот најчесто после мозочен удар ќе бидат разбрани, прифатени и поддржани. 

Губењето на говорот не значи губење на мислите, чувствата, личноста и потребата да се биде дел од општеството.

Од Здружението за помош и подршка на лицата за афазија „ХОУП”истакнуваат дека нивната мисија станала реалност благодарение на заедништвото, хуманоста и поддршката од граѓанскиот и бизнис секторот:

  • Здружението КОНЕКТ ја поддржа првата фаза од проектот, обезбедувајќи финансиски средства преку својот Донаторски кружок.
  • „Елена Лука Хоум” (ELENA LUKA HOME), како општествено одговорна компанија, целосно го реновираше просторот.
  • „Циклама инженеринг” од Гостивар ги изведе потребните градежни зафати за полесен и непречен пристап на лицата со афазија до Клубот.
  •  Искажуваме благодарност и до другите општествено одговорни компании од земјата кои донираа финансиски средства и опрема и овозможија овој клуб да стане сигурно пристаниште каде тишината се претвора во разбирање, поддршка и нова надеж за лицата со афазија.

Нека овој Клуб биде место каде што ќе се раѓаат нови пријателства, ќе се враќа самодовербата и ќе се испраќа порака дека никој не треба да биде сам во својата борба.

ХОУП продолжува да создава надеж.