Skip to main content
Македонија

Ахмети се повика на Мицкоски и побара избори – Единствениот излез се предвремени парламентарни избори

16/11/2026  23:17

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, побара одржување предвремени парламентарни избори, оценувајќи дека тоа е единствениот излез од актуелната политичка состојба во земјава.

Во изјава за ТВ21, Ахмети се повика на оценката на премиерот Христијан Мицкоски дека на земјата ѝ претстои тешка година. Според лидерот на ДУИ, предвремените избори се неопходни за да се одговори на предизвиците со кои се соочува државата и да им се понудат решенија на граѓаните.

„Единственото решение за државата е одржување предвремени парламентарни избори. И самиот господин Христијан Мицкоски изјави дека нè очекуваат тешки денови и тешка година. Затоа, за да се одговори на предизвиците и да се понудат решенија за граѓаните, единствениот излез се предвремените парламентарни избори“, изјави Ахмети.

На прашањето дали очекува да се одржат предвремени избори, Ахмети го повтори својот став. „Сметам дека друго решение, освен избори, не постои“, рече тој.