Skip to main content
Спорт

Почина Владимир Секуловски, поранешен македонски репрезентативец

16/11/2026  19:01

На 46-годишна возраст почина Владимир Секуловски, поранешен македонски фудбалски репрезентативец кој во текот на кариерата настапуваше за Вардар, Тетекс, Слога Југомагнат и Работнички.

Секуловски е роден во 1980 година. Во домашниот фудбал освои шампионски титули и трофеи во Купот на Македонија, а посебен белег остави во Тетово со настапите во дресот на Тетекс.

Веста за неговата смрт доаѓа само два дена по смртта на Агрон Мемеди. За два дена тетовската спортска јавност загуби две имиња што оставија трага во македонскиот фудбал.