Skip to main content
Економија

Се подготвуваат законски измени за повратот на ДДВ за компаниите, ќе се прецизираат роковите

16/11/2026  16:36

Се подготвуваат законски измени за повратот на ДДВ за компаниите. Се разгледува можноста за прецизирање на роковите во случај кога Управата за јавни приходи врши контрола на компанијата.

Од Министерството за финансии посочуваат дека кај нас рокот за поврат на ДДВ е 30 дена без разлика дали се врши контрола во компанијата или не. Во соседните држави тој рок е поголем, па така во Грција е 90 дена, а во Албанија 60 дена. Хрватска има ист рок како кај нас, но разликата е во тоа што таму доколку има контрола во компанијата, рокот за исплата е продолжен на 90 дена.

Годинава, според информациите од Министерството за финансии, се исплатени 34,2 милијарди денари, а најголем поврат на ДДВ е забележан во 2022 година кога се исплатени рекордни 44,7 милијарди денари.     

Од Министерството за финансии уверуваат дека кај компаниите кај кои не се констатирани неправилности, исплатата оди без проблеми.