Skip to main content
Свет

Украинска армија: Нападна аеродром и база за лансирање дронови во Русија

15/11/2026  17:58

Генералштабот на украинската армија денес преку Телеграм објави дека украинската армија извршила напад врз аеродромот Ахтубинск во руската Астраханска област, кој се наоѓа на околу 650 километри од линијата на фронтот, во текот на претходната ноќ.

Според Киев, тој воен објект служи како еден од главните центри на Русија за тестирање на нова воена авијациска опрема и оружје.

Украинската војска вели дека се користи како база за авиони Су-34 (ловци-бомбардери), кои исфрлаат наведувани бомби врз украинските градови и позиции. Тој додава дека уредот за мерење на висина (алтиметар) бил погоден на аеродромот.

Покрај тоа, украинската армија изврши напад врз локација што се користи за складирање, подготовка и лансирање борбени беспилотни летала, во близина на градот Цимбулово во Орјолската област, недалеку од украинската граница, соопшти Генералштабот.

Според овој извор, локацијата се користи за лансирање беспилотни летала што се користат за напади врз украинските градови, како и врз енергетската и цивилната инфраструктура на земјата.