Skip to main content
Хроника

Кочанец по расправија за сообраќаен прекршок и тропал на врата и ѝ праќал заканувачки пораки на жена од Делчево

15/11/2026  14:42

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против В.М.(40) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.

На 07.11.2026 околу 14:30 часот, по претходно недоразбирање околу сообраќаен прекршок, пријавениот агресивно се однесувал кон Б.В.(44) од Делчево, а потоа отишол пред нејзиниот стан, тропал на вратата и ѝ се заканувал, а во неколку наврати на нејзиниот мобилен телефон ѝ праќал смс пораки со заканувачка содржина.