
На 14.11.2026 во 20:00 часот во кичевското село Свињишта, полициски службеници го лишија од слобода П.Т.(72) од Кичево, постапувајќи по претходна пријава дека под дејство на алкохол, од својата куќа, со огнено оружје – пушка испукал неколку куршуми.
По преземени мерки, полициските службеници го одзеле оружјето, а кај него при извршено алкотестирање биле констатирани 1,56 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.



