Skip to main content
Скопје

Изменет режим на сообраќај поради воведување нови светлосни сигнали на крстосница улица „Скупи“ со улица „Љубљанска“

15/11/2026  08:40

ЈП Улици и патишта Скопје, утрово во 8 часот ќе започне со демонтажа на семафорски портални и обични столбови и семафорска опрема на крстосницата помеѓу улиците „Скупи“ и Љубљанска“. Како што информираат од Јавното претпријатие, овие активности ќе се реализираат согласно одобрен сообраќаен проект за измена на режим на сообраќај за воведување на нови светлосни сигнали на крстосницата.

– Сообраќајот ќе биде комплентно затворен по правец и истиот целосно пренасочен по околната улична мрежа. Времениот режим ќе важи до завршување на активностите, а сообраќајот ќе се одвива со помош на соодветна сообраќајна сигнализација и опрема. На истите приоди ќе има поставено и лица од ЈП Улици и патишта за физичка регулација на сообраќајот, соопштуваат од ЈП Улици и патишта Скопје.

Оттаму апелираат до сите учесници во сообраќајот, да бидат трпеливи и да се прилагодат на новонастанатите услови на патот, во целост почитувајќи ја поставената сообраќајна сигнализација.