
Од следната недела, еден од најголемите производители на леб, ги зголемува цените на дел од продуктите, дознава 24инфо.мк.
Според информациите, дел од лебовите ќе се продаваат по нова набавна цена, зголемена за два до четири денари.
Засега, нема информација дали и другите производители ќе го следат тој пример.
Поскпуваат и јајцата, пивото, цигарите…
Освен лебот, се очекува и поскапување на јајцата за околу пет до седум денари, во зависност од производителот и бројот на јајца во таблата.
Деновиве, поскапе и дел од акциската стока.
Одредени цигари се продаваат по 10 денари поскапо за кутија, а зголемување има и кај пивото, каде лименките и стаклените амбалажи се зголемија за по три до пет денари (во зависност дали ги купувате во голем маркет или тобако).
Бранот на поскапувања доаѓа пред почетокот на зимата, за кога се најавени и поскапувања на електирчната енергија и парното.
Останува да се види дали и други продукти како месото, млекото и млечните продукти ќе се приклучат на инфлаторната спирала.
Според најновите податоци од Државниот завод за статистика, годишната инфлација (мерена преку индексот на трошоците на живот) достигна 3,3%.


