Skip to main content
Хроника

Возач на мотоцикл тешко повреден при судир со автобус

06/11/2026  14:13

На 05.11.2026 во 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „1″ во с. Студеничани, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „сузуки” со скопски регистарски ознаки управуван од С.О.(25) од с. Долно Количани, скопско и автобус со скопски регистарски ознаки управуван од Г.Н.(52) од с. Таор, скопско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза” во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.