Skip to main content
Македонија

ДУИ: На Воената академија – 0 кадети Албанци

06/11/2026  09:49

Соопштение за јавност на ДУИ:

Новата срамна епизода на ВЛЕН и практиката на нула Албанци продолжува и во Воената академија. За првпат од основањето на Воената академија во 1995 година, не е примен ниту еден албански кадет.

Овој факт отвора сериозни прашања за улогата и влијанието на ВЛЕН во државните институции, каде што застапеноста на Албанците треба да биде не само декларативен принцип, туку и реалност во институционалното функционирање.

Но, одговорноста не може да се сведе само на ВЛЕН. Владата треба да разбере дека довербата меѓу политичките партнери не се гради преку декларации, туку преку почитување на еднаквоста, застапеноста и политичките договори.

Уште позагрижувачки е фактот што ваквите случаи го нарушуваат духот на Охридскиот договор, го ослабуваат принципот на правична и соодветна застапеност и ги доведуваат во прашање меѓуетничките односи.

ВЛЕН мора да даде одговор: Каде исчезна застапеноста што ја ветуваше?

Бидејќи на овој начин не се гради доверба, не се почитува застапеноста и не се зајакнува институционалниот соживот. Вака не се претставуваат Албанците!

Застапеноста не е привилегија, туку начело. И таа не смее да биде заложник на политичките калкулации!