Skip to main content
Економија

Повторно раст на цените на нафтата

05/11/2026  18:58

Цените на нафтата на меѓународните берзи денеска се искачија до 97 долари по барел.

На берзата во Лондон барел нафта денеска се тргуваше за 97,05 долари, што е за 2,43 долари повеќе од вчера, додека на американските берзи цената на нафтата се зголеми за 2,25 долари односно се тргува за 90,37 долари.

Цените на нафтата вчера се намалија поради шпекулациите дека американскиот претседател Доналд Трамп би можел да ја заврши војната во Иран.

Денешниот раст на цените на нафтата се должи на вчерашната изјава на Трамп за „Фајненшл тајмс“. Тој наведе дека САД се подготвени повторно да го нападнат Иран, „ако мораат, но можеби нема да има причина за тоа“.