
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, објави Записник од седницата на Владата од 23 септември 2025 година, во кој се содржани заклучоци поврзани со понудата за преземање акции од „Алта банка” АД Белград, донесени на предлог на министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска.
Филипче побара нејзина оставка, итна истрага од Јавното обвинителство и вклучување на Европското обвинителство за проверка на текот на парите поврзани со Алта банка.
„Гордана Димитриеска Кочоска да си поднесе оставка, лаже за Алта банка! ОЈО веднаш да отвори истрага и за Христијан Мицкоски и за Кочовска, да се вклучи и Европското обвинителство за да се провери текот на сите пари за Алта банка”, порача Филипче.
Тој потенцираше дека објавениот записник покажува оти министерката била информирана и лично предложила заклучоци за постапувањето на институциите што поседувале акции опфатени со понудата.

„Не само што била информирана, туку Владата на Мицкоски токму на предлог на Кочовска носела Заклучоци директно поврзани со понудата за преземање акции од страна на Алта Банка АД Белград на 16 јавни институции. Еве го Записникот. Седницата на Владата од 23 септември 2025 година”, наведе претседателот на СДСМ.
Филипче побара одговор дали зад ваквото постапување стоела директна комуникација со Давор Мацура и овозможување да стекне поголем пакет акции на сметка на државата.
„Дали ова значи дека биле во директна комуникација со Давор Мацура и му овозможувале да се стекне со поголем пакет акции на сметка на државата? Срам сте! Ќе одговарате!”, порача Филипче.

