Skip to main content
Хроника

Гостиварец измамил сопственик на фирма за 110.000 денари

05/11/2026  13:04

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар, поднесе кривична пријава против Д.Т.(43) од с.Долна Бањица, гостиварско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама”.

На  22.07.2026  пријавениот довел во заблуда лице, сопственик и управител на правното лице, ветувајќи му  дека ќе започне со работа  во неговата фирма, со услов да му исплати парични средства од 110.700 денари, кои му ги исплатил.