
Соопштение за јавност на СДСМ:
Над 11.000 пензионери, граѓани без пристап до сопствените заштеди, затворени експозитури и луѓе кои на дождот чекаа пред банкоматите за да ги подигнат сопствените пари е реалноста во која ВМРО ги доведе граѓаните по случувањата со Алта банка. За ова мора да има одговорност и од монетарните и од извршните власти, порача заменик-претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска, во гостувањето во „24 анализа”, потсетувајќи дека СДСМ уште лани предупредуваше за ризиците од влезот на белградската Алта банка во Македонија.
„Една банка за која се говори дека е банка на Вучиќ, којашто зад себе има сомнителен капитал, влегува во Македонија и реперкусиите од тоа ги гледаме денес. Одлуката да пред 12 месеци се дозволи во Македонија да влезе банка, за којашто денес гледаме дека нејзиниот сопственик е уапсен, а уште тогаш знаевме кои се врските и кој е капиталот што стои зад оваа банка во Белград и кои се сомнежите за тој капитал, сметаме дека е сериозна одговорност и на гувернерот Славевски и на премиерот Мицкоски”, рече Каранфилова Пановска.
Каранфилова Пановска нагласи власа не смее да ја прикрива реалната состојба на граѓаните, кои се соочуваат со ограничен пристап до сопствените средства.
„Целата несигурност што ја чувствуваат граѓаните беше видлива пред експозитурите на банката во Битола. Експозитурите на банката не работат, а со воведувањето административна управа, односно вонредно управување, граѓаните се соочуваат со проблем да дојдат до сопствените пари. Особено загрижувачки е фактот дека во банката има над 11.000 пензионери кои имаат сметки и ги очекуваат своите пензии, а голем дел од нив не располагаат со платежни картички, што значи дека не можат да дојдат до своите пари. Сведоци сме дека граѓаните кои имаат платежни картички не успеаја да дојдат до сопствените средства”, рече Каранфилова Пановска.
Таа посочи дека последиците не се само финансиски, туку директно го засегаат секојдневниот живот и егзистенцијата на семејствата.
„Имаме семејства чијашто егзистенција е загрозена, имаме семејства чиешто здравје е загрозено. Во прашање се приватни пари до коишто апсолутно граѓаните треба да имаат пристап, особено ако се држиме до исказите на гувернерот дека банката е ликвидна и дека е адекватно капитализирана”, нагласи заменик претседателката на СДСМ.
Каранфилова Пановска рече дека екслацијата на скандалот со Алта Банка за одлуките и криминалните политики на Мицкоски и ВМРО.
„ Прашањето е зошто се доведовме во ситуација во којашто сме денес. Оние граѓани што на дождот се обидуваа од банкоматите во Битола да си ги извлечат сопствените пари, тие луѓе денеска, ако ги слушавме на телевизиите, кажуваат јасно дека ним им значи секој еден денар којшто сè помалку и помалку го имаат. Оваа ескалација со Алта банка е само една илустрација, за жал на штета на граѓаните и нивната егзистенција, за тоа како политики на ВМРО, врзани со нивните теснопартиски интереси и интересите на тесен круг луѓе околу владејачката гарнитура, ги разнишуваат темелите на оваа држава”, порача Каранфилова Пановска.

