
Облачно време со повремени врнежи од дожд ја очекува Македонија викендов, на 31 октомври и 1 ноември. Во сабота врнежите ќе бидат локални, додека во недела ќе се прошират и наместа ќе бидат пообилни.

Денеска ќе дува слаб северен ветер, а дневните температури ќе достигнат од 11 до 17 степени. Во недела максималните температури ќе бидат нешто пониски, од 9 до 16 степени, со слаб до умерен источен ветер.
Во Скопје ќе преовладува облачно време со повремен дожд, особено попладне и во текот на ноќта кон недела. Ќе дува слаб ветер од северен правец.
Дневната температура во главниот град ќе биде околу 13 степени во сабота, а во недела ќе се спушти на околу 11 степени. За недела се очекува и поголема веројатност за врнежи.
Врнежливото време ќе продолжи и на почетокот од следната седмица. Во понеделник повторно се очекуваат повремени врнежи од дожд, наместа пообилни, со дневни температури од 8 до 16 степени.
