Skip to main content
Магазин

Хали Бери ја изгуби судската битка по обвинувања дека го давела својот син, момчето ќе живее со татко му

30/10/2026  21:54

Американската актерка Хали Бери изгуби важна судска битка во спорот околу старателството над нејзиниот син Масео, кој го има со својот поранешен сопруг, францускиот актер Оливие Мартинез, пишува Express.

Судот одлучи нивниот тринаесетгодишен син Масео Мартинез поголемиот дел од времето да го поминува со својот татко, додека Бери повеќе нема да може да го задржува кај себе преку ноќ. Сепак, поранешните сопружници го задржаа заедничкото правно старателство, односно правото да одлучуваат за важни прашања поврзани со образованието и здравјето на момчето.

Според TMZ, правниот тим на актерката побарал враќање на претходниот договор, според кој синот би поминувал еднакво време со двајцата родители, но судијата го одбил тоа барање. Спорот дополнително се заостри откако Мартинез ја обвини својата поранешна сопруга дека го фатила синот за врат и го давела за време на еден инцидент во септември. Бери категорично ги негираше овие обвинувања, а нејзините адвокати ги нарекоа неосновани.

За време на постапката, момчето сведочеше зад затворени врати, без присуство на родителите, а сослушувањето траеше неколку часа.

Хали Бери и Мартинез се венчаа во 2013 година, а се разделија две години подоцна. Разводот и споровите околу старателството се одолговлекуваа со години, а договорот за заедничко старателство конечно беше постигнат во 2023 година.