Skip to main content
Свет

Ким Џонг Ун во посета на Кина

24/10/2026  19:28

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун пристигна во Дандонг, Кина, за да ја посети соседната земја, објавија денеска јужнокорејски медиуми, повикувајќи се на Министерството за обединување на Јужна Кореја.

Тој пристигна во Кина преку неодамна отворениот мост што ги поврзува двете земји.

Ким претходно ја повика севернокорејската војска да се подготви да стане најсилна во светот за време на дводневниот состанок на командантите на чети што се одржа во Пјонгјанг во четвртокот и петокот, јавија севернокорејските државни медиуми.

Тој апелираше сите чети да се трансформираат во воено и технички силни елитни единици и да станат целосно борбено подготвени.

Повикот на Ким за „воена револуција“ дојде неколку дена откако Јужна Кореја предложи воени разговори за линиите на демаркација во централниот дел од Демилитаризираната зона (ДМЗ) по неколку сериозни инциденти.