Skip to main content
Свет

Весникот „Телеграф“ укинува работни места за да стане „медиум управуван од вештачка интелигенција“

24/10/2026  17:59

Британскиот весник „Телеграф“ ќе отпушти дел од персоналот поради новите планови за трансформирање  во „глобална, управувана од вештачка интелигенција“ медиумска и информативна компанија, јави ДПА.

Тоа се случува откако изданието беше купено од германскиот медиумски гигант „Аксел Шпрингер“ претходно ова лето за 575 милиони британски фунти (680 милиони евра).

Според „Гардијан“, ќе бидат укинати до 100 работни места, а најмногу ќе бидат погодени одделенијата за култура и спорт.

Во е-пошта испратена вчера наутро, на вработените им било кажано дека се донесени „тешки одлуки за иднината на бизнисот“.

Весникот „Телеграф“ беше купен од нов сопственик во јуни по три турбулентни години обиди да се обезбеди долгорочната иднина на британското издание. Медиумската група „Аксел Шпрингер“ претходно изјави дека договорот ќе ѝ овозможи да ја забрза „дигиталната трансформација“ на весникот, да користи вештачка интелигенција и понатаму да се шири на американскиот пазар.