
Прес конференција на СДСМ, Александар Наумоски – член на Извршниот одбор
Скандалот со договреното пуштање на Ива Михаилова мора до крај да се расчисти, со докази и со утврдување кривична и политичка одговорност.
Не театар, повикување амбасадор, потерници и најави притвор, префрлање одговорност, спинови. Одговорност, од прв до последен!
Панче Тошковски јавно изјави дека граница што е решето. А кој раководи со МВР и кој е надлежен да ја обезбеди таа граница? Тошковски.
На сите ни е јасно дека Мицкоски го штити Тошковски.
Така изгледа кругот на политичката заштита на ВМРО-ОКГ: Мицкоски го штити Тошковски, а Тошковски ја штити криминалната банда на власт. Правда нема. Никој не одговара, сите бегаат, најмногу бегаат преку граница.
Затоа бараме оставка од Тошковски.
Нема одговорни за пет тони дрога кои помина преку границата, никој не одговара за криминалните тендери, за тепањето на младите во Ново Село.
За Кочани нема одговорни.
Артан Груби излегува од куќен притвор со факели, петарди и прослава.
Кога го пречекаа со црвен килим на граница рекоа дека постојат сериозни безбедносни ризици и дека неговата безбедност не може да се гарантира во затворски притвор.
Што се смени? Како тоа опасноста исчезна преку ноќ?
Исто како со Михаилова.
Доста се политички дилови. Доста е оваа фарса.
Правосудството е само театарска сцена која Мицкоски ја контролира во целост.
Затоа во извештајот на Европската комисија се наведува мешање на Мицкоски во правосудниот систем.
Обвинителите ги вика медиокритети и им дели задачи на телевизија и по телефон. Народот го нарекува талог и мочуриште.
Се е фарса.

Доста е театар. Вистината на виделина. Одговорност веднаш.
