Skip to main content
Македонија

СДСМ: Мицкоски го штити Тошковски – на сите им е јасен договорот „под радар” за пуштање на Михаилова

15/10/2026  09:01

Соопштение за јавност на СДСМ:

Наместо одговорност за пуштањето на Ива Михаилова, граѓаните повторно гледаат како Мицкоски го штити Тошковски.

Нема одговори како обвинета, со одземени македонски и бугарски пасош успеала да ја напушти државата.

Тошковски на телевизија јавно признава дека границата е „швајцарско сирење”.

А кој е надлежен за границата? Тошковски. 

Срамота е министерот што ја води полицијата, која ја обезбедува границата, да каже дека границата е швајцарско сирење.

Границата е решето и за криминалци и за бегалци од правдата. Никој не одговара. Нема правда.

А кој раководи со полицијата? Тошковски.

Ама Мицкоски го штити Тошковски.

Сега на сите им е јасен договорот под „радар” за пуштање на Михаилова.

Затоа наместо одговорност и оставка од Тошковски сега народот гледа театар.