Skip to main content
Свет

На протестите во Франција учествувале околу 480 илјади луѓе

14/10/2026  09:20

На протестите одржани вчера ширум Франција, по повик на средношколците, учествуваа околу 480.000 луѓе, соопштија од младинската синдикална организација.

Француските власти синоќа соопштија дека на вчерашните протести во Франција учествувале околу 266.000 луѓе, од кои меѓу 56.000 и 100.000 во Париз, пренесува Франс24.

Францускиот министер за образование Едуар Жефре изјави дека вчера во цела Франција во околу 200 средни училишта не се одржувала настава.

-Нема да се откажеме и нема да правиме компромиси. Ве повикуваме сите да му се приклучите на движењето „Жолти елеци“ в сабота со цел конечно да ја оживееме оваа борба – изјави претседателот на Унијата на средношколци Ријад Рани за време на маршот на студентите и средношколците во вторникот на Плоштадот Италија во Париз, пренесе претходно Фигаро.

Претседателката на студентската организација ФАГЕ Сузан Нијдам, повтори дека од владата очекува „соопштенија, чек, буџет“.