Skip to main content
Македонија

Променливо облачно време со дожд, грмежи и засилен ветер

11/10/2026  08:08

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни, проследени со појава на грмежи и засилен ветер, соопшти УХМР.

Минималната температура ќе се движи од 9 до 15 степени, додека максималната ќе достигне од 17 до 21 степен.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината времето ќе биде нестабилно, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15 степени, а максималната ќе достигне до 19 степени.