Skip to main content
Балкан

Србија не поканила делегација на Европскиот парламент да ги набљудува парламентарните избори

09/10/2026  19:15

Србија не испрати покана до Европскиот парламент (ЕП) за набљудување на предвремените парламентарни избори закажани за 25 октомври, со што ја пропушти можноста за доаѓање на нивна набљудувачка делегација бидејќи рокот за тоа истече вчера, 8 октомври, јави српската редакција на Радио Слободна Европа.

– Властите во Србија не го поканија Европскиот парламент да ги набљудува изборите на 25 октомври, а во меѓувреме истече рокот за организирање мисија на ЕП. Тоа практично значи дека е пропуштена можноста за испраќање набљудувачка делегација на Европскиот парламент – изјави известувачот на ЕП за Србија, европратеникот Тонино Пицула, за Радио Слободна Европа.

Тој појасни дека била подготвена седумчлена делегација, но бидејќи од Белград не пристигнала официјална покана, според правилата на Европскиот парламент таа не може да биде формирана и испратена како набљудувачка мисија.

Во средината на септември, Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) соопшти дека ќе ги набљудува предвремените парламентарни избори во Србија со помош на 14 меѓународни експерти со седиште во Белград.