
На 07.10.2026 во ОВР Ресен е пријавено дека околу 15:00 часот на магистралниот пат Ресен-Битола, на место викано „Дервен“ на делницата Макази-Ѓавато, Ѓ.К.(38) од Битола, управувајќи мотоцикл со битолски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во заштитната ограда.
Во несреќата, Ѓ.К. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола.

Увид на местото извршила екипа на СВР Битола – ОВР Ресен.

