
Вкупно 39 пожари на отворен простор се регистрирани изминатото деноноќие до 7:30 часот утрово, соопштија денеска од Центарот за управување со кризи.
– Три се активни, еден е под контрола, а 35 пожари се изгаснати.
Од активните, првиот е во општина Чашка во регионот на село Јаболчиште, место викано „Биков Гроб“, каде горат букова, дабова шума, кривуљ и ниска вегетација. Вториот пожар е во општина Липково на територија на село Стрима, место викано „Гури Куќ“, каде горат борова шума и нискостеблеста шума. Третиот активен пожар е во општина Дебар во подрачјето на село Горно Косоврасти, место викано „Крушно и Вложно“, таму гори мешана шума.
Ниска вегетација била опожарена во општина Студеничани, помеѓу селата Драчевица и Цветово, место викано „Калдиред“. Тој пожар бил ставен под контрола.


