Skip to main content
Хроника

Влегол кај деканот, оставил писмо со закани кон професори и заминал

07/10/2026  18:51

Поранешен студент оставил писмо со заканувачка содржина упатено до професори на Факултетот за уметности при Тетовскиот универзитет, по што полицијата започнала потрага по него.

Според информациите од полицијата, вчера во 16:15 часот во СВР Тетово случајот го пријавиле деканот С.А. (55) и секретарот А.А. (33) на Факултетот за уметности.

Како што било пријавено, околу 11:40 часот во канцеларијата на деканот дошол поранешен студент од тетовското село Голема Речица. Тој оставил писмо со заканувачка содржина наменето за професори на факултетот, по што го напуштил објектот.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето и за целосно расчистување на случајот.