Skip to main content
Хроника

17-годишна девојка пријавила дека ја малтретирале невенчаниот сопруг, неговата мајка и 15-годишната сестра

07/10/2026  17:18

Седумнаесетгодишна девојка од Гостиварско пријавила дека подолг период била жртва на физичко и психичко насилство и добивала закани од нејзиниот 23-годишен невенчан сопруг, неговата мајка и неговата малолетна сестра, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според МВР, случајот бил пријавен на 6 октомври во Полициското одделение Ростуше. Малолетната девојка, во присуство на родител, пријавила дека во изминатиот период била физички и психички малтретирана и дека добивала закани.

Како осомничени во пријавата се наведени нејзиниот невенчан сопруг И.У. (23), неговата мајка Д.У. (53) и неговата 15-годишна сестра, сите од село во Гостиварско.

Полициски службеници од ПО Ростуше истиот ден ги лишиле од слобода тројцата.

Од МВР информираат дека по целосното расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.