Skip to main content
Хроника

УАПСЕН „КРАДЕЦОТ НА ВЕЛОСИПЕДИ“ ВО СКОПЈЕ: Полицијата одзеде 12 велосипеди

07/10/2026  15:53

Полицијата уапси 32-годишен скопјанец осомничен дека извршил повеќе тешки кражби на велосипеди на територијата на Скопје. Кај него биле пронајдени и одземени вкупно 12 велосипеди, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Полициски службеници од ЕВР Аеродром и Драчево при СВР Скопје го лишиле од слобода Ѓ.П. (32) на подрачјето на Гази Баба.

Според МВР, постојат основи на сомнение дека тој извршил повеќе тешки кражби на велосипеди на подрачјата на општините Аеродром, Центар и Кисела Вода.

Од осомничениот биле одземени вкупно 12 велосипеди пронајдени на различни локации. Дел од нив веќе им биле вратени на сопствениците.

Од МВР најавуваат дека по целосното документирање на случаите, ЕВР Аеродром и Драчево ќе поднесе соодветна кривична пријава против 32-годишникот.