Skip to main content
Хроника

ТРАГЕДИЈА ВО ИТАЛИЈА: 19-годишно момче од Тетово загина при пад од покрив

07/10/2026  10:30

Трагична несреќа на работното место во Италија го одзеде животот на 19-годишно момче од Тетово.

Според информациите што ги објавуваат медиуми на албански јазик, младиот тетовец настрадал додека бил на работа, откако паднал од покрив од височина од околу седум метри.

При падот се здобил со тешки повреди, кои, за жал, биле фатални.

Засега нема дополнителни официјални информации за точните околности под кои се случила несреќата, ниту за причините што довеле до падот. Се очекува надлежните органи во Италија да ги утврдат сите детали поврзани со трагичниот настан.

Веста за смртта на 19-годишникот предизвика тага меѓу неговите блиски и сограѓани.

Погребот на младиот тетовец е најавен за утре во Тетово, по пладневната молитва.