Skip to main content
Хроника

МВР: Претреси во дом и службени простории во Вишото јавно обвинителство Битола

06/10/2026  21:05

Министерството за внатрешни работи во координација со ОЈО ГОКК во моментов врши претрес во дом и службени простории во Вишото јавно обвинителство Битола поради сомнение за сторени коруптивни кривични дела, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Дел од медиумите објавија дека, неофицијално претресот се поврзува со постапување околу враќањето на пасошот на битолскиот бизнисмен Борче Марковски.